Претпладне експерти на СЈО – попладне во медиумите на СДСМ

Земаат пари од СЈО, а пред камерите глумат независни експерти бранејќи ги позициите на обвинителството. Катица Јанева и медиумите кои се уредуваат на Бихаќка на срамен начин се обидуваат да манипулираат со граѓаните. Последен е случајот со телевизијата 24 Вести, пишува „Прес24“.Во прилогот објавен денеска, телевизијата го анализира Извештајот на Европската комисија во делот за Специјалното јавно обвинителство.Бидејќи во извештајот никаде не се поддржуваат барањата на СЈО за формирање на специјален суд кој ќе одлучува по нивните предмети, телевизијата ангажирала експерти да ја провлечат тезата и тоа, не било кои, туку експерти од платниот список на СЈО.
Еден од нив е адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. За нејзините услуги, граѓаните преку СЈО плаќаат 20.000 денари.
Какви работи таа извршува во СЈО не може да видиме, бидејќи Обвинителството воопшто не контактира со медиумите, освен со оние во кои главните уредници работат во една од поголемите канцеларии на Бихаќка.
Останува нејасно, зошто телевизијата едноставно не наведе дека ангажираниот експерт е на платниот список на СЈО, за што има и официјални податоци, за да можат граѓаните сами да креираат слика за нејзината елокветност и објективност во „експертизата“

Интересно е што Јошевска е само еден од неколкуте адвокати кои земаат пари од СЈО. Сите се платени со суми меѓу 20.000 и 30.000 денари месечно. Интересно е што, за сите теми поврзани со СЈО, медиумите кои се уредуваат во СДСМ, ги консултираат истите експерти.
Во прилогот објавен денеска, телевизијата го анализира Извештајот на Европската комисија во делот за Специјалното јавно обвинителство.Бидејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: