Претседателот на Барса: Сеуште постои можност за Нејмар

Претседателот на Барселона, Сандро Росел, не ја исклучи можноста за доведување на Бразилската ѕвезда од Сантош, Нејмар, потенцирајќи дека Барселона секогаш ги сака најдобрите во своите редови.
„Барселона секогаш го сака најдоброто. Со талентите кои ги имаме тука во клубот, секогаш бараме играчи кои би можеле да ја засилат екипата“ изјави Сандро Росел, пренесува „Марка“.
„Не знам која е моменталната ситуација со Нејмар, знам дека има договор со Сантош до 2014-тата година“ додаде Росел.
Според изјавата на претседателот на Барселона, сеуште не е исклучена можноста да Барселона се засили со Нејмар.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Претседателот на Барселона, Сандро Росел, не ја исклучи можноста за доведување на Бразилската ѕвезда од Сантош, Нејмар

Пронајдете не на следниве мрежи: