Претседателските избори во Венецуела на14-ти април

Loading...

Следните претседателски избори во Венецуела ќе се одржат во недела на 14-ти април, објавија извори од Националната изборна комисија по вонредната седница одржана во саботата навечер.Комисијата се состана по непосредниот указ на привремениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој во петокот по полагањето на заклетва во парламентот побара државната комисија најитно да го одреди датумот за одржување на изборите на кои ќе се избира наследникот на починатиот венецуелски претседател Уго Чавез.Според западните медиуми, Мадуро бара брзо одржување на изборите за да го искористи расположението на народот спрема покојниот претседател Чавез, кој го одреди и него за свој наследник.Покрај тоа, комисијата, исто така, треба да ја објави програмата за спроведување на изборниот процес, условите за водење на изборната кампања, како и системот за контрола на изборниот процес.Како што се очекува, досегашниот заменик-претседател Мадуро ќе се кандидира како кандидат на владејачката партија.Венецуелските медиуми во саботата исто така лицитираа со датум 14-ти април, претпоставувајќи дека државната комисија уште во сабота ќе ја донесе таквата одлука. Така, според весникот El Universal, предавањето на кандидатурите ќе почне уште од недела.Венецуелската опозиција ја номинира кандидатурата на Енрике Каприљес, 40-годишниот адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела и најбогата федеративна единица на Венецуела, соопшти во саботата навечер извршниот секретар на опозициската коалиција Демократско единство, Рамон Гилермо Авлеледо.Енрике Капиљес загуби од Чавез на претседателските избори во октомври 2012 година, меѓутоа со освоените 45 отсто од гласовите најмногу му се приближи од сите противкандидати на сите избори на коишто учествуваше Чавез.
Макфакс
 Следните претседателски избори во Венецуела ќе се одржат во недела на 14-ти април, објавија извори од Национална

loading...
Loading...