Приговорите на СДСМ ги нема во забелешките на Избирачките одбори

Случувањата во изборниот процес за кои СДСМ поднесе приговорите до ДИК се однесуваат на избирачки места во Тетово и Теарце. Токму на овие места нема ниту наводи ниту било какви забелешки во записниците од страна на Избирачките одбори, се дознава од извори во ДИК.Забелешки за овие места има МОСТ, за кои и од СДСМ признаваат деканабљудувачите се „нивни“, додека расте контото на претседателот на МОСТ.
Според забелешките кои може да се најдат за општините Теарце и Тетово, во листата на забелешки на МОСТ, наведено е дека во „ГМ 2011, општина Теарце, едно ливче било откинато од кочанот заедно со серискиот број. За случајот е известена ОИК Теарце“. За Тетово пак стои дека на „ГМ 1928, ОУ „Наим Фрашери“, општина Тетово, гласач се обидел да го фотографира гласачкото ливче при што бил забележан од страна на избирачкиот одбор, била повикана полиција и лицето било приведено“.Меѓу интересните факти поврзани со забелешките е дека има приговор кој што е потпишан во 16 часот, а се однесува на настан кој што се случува во 19 часот. За тоа следува кривична пријава.
Иако задача е да се стремиме кон идеални изборни процеси, прашањето кое го наметнува моментот е колку и дали се ова клучни забелешки кои го менуваат изборниот резултат кога буквално цела држава очекува надминување на кризата и продолжување кон мирно враќање кон стабилизација на состојбите во општеството.
Меѓу останатите забелешки од МОСТ и од другите домашни набљудувачи од соросовиот спектар кои велат дека треба „сериозно да се разгледаат забелешките“ е дека некои избирачки места се наоѓале на вториот кат на некое училиште, а немало пристапна рампа за хендикепирани.
Што ли ќе донесе пребројување на ливчињата, од тој аспект навистина не е разбирливо. Со сета почит, ваквите забелешки се наведуваат пред изборниот процес за што, во просек, постои време од најмалку една година од изборен процес до изборен процес. И за тоа треба да биде одговорна ДИК, а не сега севкупното македонско општество. Веќе нема дилема дека единствената цел на Заев и СДСМ е оспорување на волјата на мнозинството на македонскиот народ и победата која на фер и демократски избори ја доби ВМРО- ДПМНЕ.
Повеќе од јасно е дека на ваков начин СДСМ се обидува да ја пролонгира кризата и да ја жртвува иднината на Република Македонија само за да го заштити Зоран Заев во обид да ја заштити сопствената фотелја. Заев повторно се обидува да избега од зборот кој го даде, дека ќе замине од функцијата доколку деструктивната политика на СДСМ биде казнета на изборите и партијата изгуби, што фактички и се случи.
Од друга страна, Заев сега мора да избега и пред оние на кои им ветуваше двојазичност и кантонизација, а со ваков резултат не може да им ја испорача скапо наплатената поддршка.Забелешки за овие места има МОСТ, за кои и од СДСМ признаваат деканабљудувачите се „нивни“, додека расте контото на претседат

Пронајдете не на следниве мрежи: