Пријавете се за Дедомразовска трка во Скопје

Во организација на Универзална Сала, а под покровителство на Град Скопје, Ве покануваме на ДЕДОМРАЗОВСКА ТРКА, НОВОГОДИШНА АВАНТУРА ЗА СИТЕ, која ќе се одржи на 28 декември со почеток од 12 часот во Скопје. Стартот е на плоштадот Филип II, а целта е паркот Жена Борец. Должината на патеката е 1.6 км.Котизација за учество е:
– 300 денари за поеднци
– 6000 денари пакет 1 за компании за 4 учесници
– 10.000 денари пакет 2 за компании за 10 учесници
– Учеството за деца под 12 години е бесплатно, но мораат да дојдат во придружба на родител и со свој костум ( дедомразовска капа задолжително и да бидат облечени во црвено).
Првите 500 пријавени ќе добијат ПОДАРОК Дедомразовски костум. Подигнувањето на натпреварувачките броеви и костумите е на нашиот пункт во паркот Жена Борец, во делот на новогодишниот Волшебен град, од 25 до 28 декември.
Победниците ќе добијат медали и подароци. Скопје од оваа година ќе се вброи во светските метрополи што организираат Дедомразовски трки. Оваа трка е од спортско-рекреативен и забавен карактер.
Собраните средства од учесниците се наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.
Сите оние кои што сакаат да бидат дел од оваа трка се што треба да направат е да се пријават он-лајн на www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka или на инфо-пултот во паркот Жена Борец од 25 до 28 декември.Котизација за учество е:
– 300 денари за поеднци
– 6000 денари пакет 1 за компании за 4 учесници
– 10.000 денари пакет 2 за

Пронајдете не на следниве мрежи: