Беатрис Октавиа Ирис Смит починала во февруари годинава по само 89 дена живот. Нејзината мајка се потрудила денес на роденденот на својата ќерка да го потсети светот на ова девојче. Објавила фотографии кои настанале неколку часа пред нејзината смрт, а со поддршка на хуманитарната акција на организацијата „East Anglia’s Children’s Hospices”, чиј покровител е војвотката од кембриџ, сака да им укаже на сите колку е важно да им се укаже помош на децата со ретка болест.На оваа хуманитара акција во Нарвик присуствувала и војвотката која разговарала со мајката на ова трагично починато бебе.
„Вие сте многу храбра дама, многу ми е жал“, ѝ рекла Кејт на оваа мајка која сега е во 18-та недела од бременоста и очекува второ дете.
Мајката на Беатрис се надева дека на акцијата ќе се одважат многу луѓе и дека на крајот ќе се изгради болница во Норфолк, за која се потребни 10 милиони долари. Оваа установа, доколку се изгради, би требало да биде наменета за лечење на деца со ретки и неизлечиви болести.
Вчера на роденденот на малата Беатрис, нејзината мајка објавила фотографии кои настанале само неколку часа пред нејзината смрт.
Семејството на ова девојче напишало писмо во кое истакнале дека Беа им приредила неверојатни шест недели.
„Беше совршена, но нашето задоволство и исполнетост завршија“, соопштило семејството.
Кејт примила писмо од ова семејство, а зборовите како оние дека Беа била вистински ангел ја расплакале војвотката.
„Толку сум трогната поради писмото кое без сомнеж е напишано од срце, од зборовите на оваа жена јасно се гледа дека страствено помага во грижата за децата и акцијата „ EACH”, рекла Кејт.На оваа хуманитара акција во Нарвик присуствувала и војвотката која разговарала со мајката на ова трагично починато бебе.



