Приказната на еден војник: „Кога го сретнав Пол Вокер…“

Војник раскажува за средбата со Пол Вокер…„Го сретнав Пол на аеродромот во Хонолулу во 2002 година. Незнаев кој е но тој ме забележа како седам сам на барот во аеродромот. Јас сум воено лице а така и изгледам, кратко бев шишан и носев зелена торба. Ме праша да седне до мене, почна да се распрашува за мене и ми се заблагодари за мојата служба. Ме почести пиво, а јас немав идеја со кого всушност зборувам, се додека неколку луѓе не го замолија за автограм. После неколку такви прекинувања, го прашав дали е познат или нешто слично, на што ме погледна и рече дека не е баш познат, но има снимено неколку филмови. Наброја неколку од нив при што ми „светна“: ова е дечкото од Varsity blues and skulls. Tој не спомна ништо за славата но сакаше да знае нешто повеќе за мене, бидејќи кога бил млад сакал да работи во војска …Тој рече дека би го работел тоа бесплатно. Би сакал да се заблагодари на ветераните и единствен начин на кој може да го стори тоа е да игра улога на ветеран. Зборувавме околу 45 минути, а потоа мораше да се качи на авион. Тој беше премногу фин човек. Пол ти благодарам за службата почивај во мир.“„Го сретнав Пол на аеродромот во Хонолулу во 2002 година. Незнаев кој е но тој ме забележа како седам сам на барот во аеродромот. Јас сум вое

Пронајдете не на следниве мрежи: