Приказната на Есма Реџепова: Како ги заработив првите пари?

Првите заработени пари во мојот живот – тоа се парите од победата на “Микрофонот е ваш“. Прочитајте ја приказната на нашата пејачка Есма Реџепова како таа ги заработила првите пари и покрај забраната на своите родители да се занимава со музика.Првите заработени пари во мојот живот – тоа се парите од победата на “Микрофонот е ваш“. Мојот директор од основното училиште кога имав само 10 години ме однесе да учествувам на натпревар за најубава испеана песна, без да знаат моите родители, бидејки моето строго традиционално семејство беше против некое од децата, а бевме 6, – 4 сестри и двајца браќа да се занимава со музика. Тие сметаа дека треба да се образуваме и да се здобиеме со некои професии. Во тоа време да се занимаваш со музика тие го сметаа како недолична професија. На натпреварот “Микрофонот е ваш“ го освоив прво место со песната “Чаролије шукарије“ и наградата беше колку четири просечни плати во тоа време. Јас настапив без знаење на татко ми Абрахам и мајка ми Канија, па така добиените пари ги сокрив (го сошив во моите чинтијани). Емисијата се емитуваше по неколку дена и вечерта кога сите ја слушаа јас си легнав плашејќи се од моите родители.Тие ја следеа радио емисијата и кога слушнаа дека победник е Есма Реџепова, татко ми се запраша да не е нашата Есма, а ја слушнав мајка ми како му вели – “Нашата Есма е во кревет“ Но, утредента на татко ми, кој работеше како чистач на кондури, сите на Плоштадот му честитаа за мојата победа и веќе попладнете се дозна за победата. Имаше мала расправија, но сепак се гордееа со мене. За парите се уште не знаеја. Кога мајка ми ги пронајде парите во моите чинтијани, налутена ме праша, од каде ми се толку пари. Јас морав да и кажам за наградата. Утредента купив подароци за целото семејство, а на крајот за мене не останаа пари. Мајка ми ме искара, затоа што не купив ништо за мене, но јас бев многу среќна што од моите први заработени пари, на сите им купив подароци.
лидер.мкПрвите заработени пари во мојот живот – тоа се парите од победата на “Микрофонот е ваш“. Мојот дирек

Пронајдете не на следниве мрежи: