Прилеп е лидер во Македонија во искористувањето на ЕУ фондовите

Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, денеска амбасадорите на ЕУ и на Германија Самуел Жбогар и Кристине Алтхаузер го посетија Прилеп и се сретнаа со градоначалникот Марјан Ристески.Амбасадорите и Ристески разговарале за проектите што ги реализира општината со финансиска поддршка на Европската унија и за се што е потребно за да се подобри животот на прилепчани, пред се за заштитата на животната средина.
Според прилепскиот градоначалник, општината е водечка во државава по искористеноста на средства од европските фондови изминатите 10 години.
– Прилеп е општина која е еден од најголемите корисници на овие ЕУ фондови, пред се со проектот за новите канализациски системи и изградбата на пречистителната станица. За овие 10 години Прилеп претставува водечка општина во Македонија во искористувањето не само на ЕУ фондовите, туку и на големиот број донации што се достапни за нашата општина, рече Ристески.
Тој изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму со цел реализирање голем број проекти кои, како што рече, ќе значат подобрување на квалитетот на живеењето на нашите сограѓани.
– Средства од овие фондови, во висина од повеќе десетици милиони евра се искористувани и во минатото. Се реализираше проект преку кој се реши еден од најважните проблеми за Прилеп,  водоснабдувањето. Тој проект беше реализиран преку Владата на Германија и КФБ банката. Со него околу 10 милиони евра беа вложени во изградбата на новата водоводна мрежа во градот, за нова административна зграда на ЈКП „Водовод и канализација“, нова механизација и намалување на загубите на водата. Резултат на овој проект е тоа што Прилеп денеска е еден од најдобро снабдените градови со вода и го има едно од најуспешните водоводни јавни претпријатија, нагласи Ристески.
Средства од овие фондови, како што рече, се искористуваат и за реконструкција на голем број училишта, патишта, водоводни и канализациски системи во нашата општина.
Евроамбасадорот Жбогар изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и општина Прилеп ќе продолжи и во иднина. Целта на кампањата „ЕУ за тебе“ е да се постигне поголем дијалог со граѓаните и општините во Македонија за повеќе прашања.
– Со градоначалникот на Прилеп разговаравме за прашања кои се поврзани со животната средина, во врска со водата, за третирањето на отпадот, изградбата на пречистителната станица и други работи поврзани со заштитата на животната средина. Проектот за изградба на пречистителната станица и реновирањето и изградбата на канализациските системи е можеби најголемиот проект, кој ЕУ го има финансирано во вашата земја, а тој чини 21,5 милиони евра, потсети Жбогар.
Додаде дека имало одредени проблеми со изградбата на пречистителната станица, кои, како што рече, сега се надминати и се надеваме дека наскоро ќе се финализира овој проект.
– Во овој регион, ЕУ реализираше и друг проект кој е поврзан со поплавите кои го зафатија ова подрачје, а тоа е проект поврзан со реновирање на речните корита, рече Жбогар.
За германската амбасадорка Прилеп е град кој претставува позитивен пример за многу активности.
– Видовме дека важниот проект за овој град е реконструкцијата на канализациската мрежа и изградбата на пречистителна станица. Тие претставуваат целина која има смисла само доколку се поврзани една со друга. Со задоволство го поддржав мојот колега Жбогар во промоција на проектот „ЕУ за тебе“, со кој станува збор за многу важни сегменти од животот на луѓето, животната средина, сегменти кои не ја засегаат само оваа земја туку се општо важечки за сите луѓе во светот, нагласи Алтхаузер.
Проектот „ЕУ за тебе“, како што рече, го поддржуваме, но имаме и билатерална поддршка за Македонија кога станува збор за животната средина и климата.
– Во амбасадата имаме фондови за т.н. климатски проекти. Тие се многу помали од фондовите на ЕУ, но сепак, станува збор за климатска заштита и воздух кој не може да го поделиме на мој и твој, за чиста животна средина, а тоа е обврска на сите нас, изјави Алтхаузаер.
Амбасадорите ја посетија пречистителната станица, чија изградба е во тек, а според агендата треба да биде готова до крајот на годинава, како и местата низ градот каде се обновува канализациската мрежа. Вкупно се обновуваат 70 километри и обновата треба да заврши до крајот на август годинава.Амбасадорите и Ристески разговарале за проектите што ги реализира општината со финансиска поддршка на Европската унија и за се што е потребно за да

Пронајдете не на следниве мрежи: