Принц бил буден над шест денови пред смртта?!

Принц пред смртта бил буден 154 часови, тврди неговиот зет, кој бил со него во последните денови од животот. Најновата информација е контрадикторна на тврдењата дека 57-годишниот музичар бил навлечен на лекови за спиење. Тој најверојатно се предозирал со лекови против болка. 
 
За време на викендот, се појави човек со алијас Доктор Д., кој тврди дека го снабдувал Принц со опијати уште од 1984 година па наваму. Тој изјави дека Принц трошел до 40.000 долари за дрога. “Уште кога го запознав Принц, тој беше навлечен на опијати. Навиката го чинеше 200 до 300 долари дневно, но не му беше важно бидејќи имаше многу пари”. Тој додава: “Дрогата му требаше бидејќи постојано беше вознемирен. Воопшто не беше опуштен, и дрогата му требаше за да се опушти во присуство на луѓе.”
“Многу од ѕвездите се ослонуваат на дрогата за да имаат поголема самодоверба на сцената, но Принц дефнитивно беше најлош. На снимањето на Purple Rain купуваше огромна количина на дрога. Мислам дека не можеше добро да се снајде со фактот дека околу него секојдневно има многу луѓе и камери”, изјави тој.
 
  
 
За време на викендот, се појави човек со алијас Доктор Д., кој тврди дека го снабдувал Принц со опијати уште од 1984

Пронајдете не на следниве мрежи: