Британскиот принц Вилијам се појави облечен како самурај за време на посетата на студиото на јапонската државна телевизија NHK, каде што се снима телевизиската историска драма „Тајга“, соопшти БиБиСи.Принцот беше облечен како истакнатиот самурај Тојотоми Хидејоши, кој на крајот на шеснаесеттиот век ја обединил земјата. Тој се пошегува дека неговиот брат Хари секогаш ќе го задева поради неговиот изглед на самурај.
Пред тоа, принцот Вилијам го имаше можност да проследи танц на три гејши и да слушне изведба на музичкиот инструмент шамисен.
Војводата од Кембриџ добил од една од најистакнатите јапонски актерки две шарени дрвени играчки, кои се подарок за неговиот син – принцот Џорџ.
Принцот е во четиридневна посета на Јапонија. Таа започна со неговото учество во традиционална церемонија во Токио. Му претстои средба со преживеаните од земјотресот, цунамито и нуклеарната несреќа во Фукушима во март 2011 година
Откако ќе ја заврши посетата на Јапонија, војводата од Кембриџ планира да ја посети Кина.
Принцот беше облечен како истакнатиот самурај Тојотоми Хидејоши, кој на крајот на шеснаесеттиот век ја обединил земјата. Тој се пошегува дека



