четврток, 26 ноември 2026
Најново

Природниот шеќер кој се наоѓа во медот и овошјето ја подобрува работата на мозокот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поголемиот дел од здравствените експерти советуваат намалување на внесот на шеќери, со што би се намалил крвниот притисок и ризикот од срцев удар, но д-р Дру Ремзи смета дека шеќерот може да има позитивни и корисни ефекти врз мозокот.Тој тврди дека шеќерот е витален за здравјето на мозокот кој користи 400 калории од глукоза на дневно ниво, но тоа не значи дека внесот на две чоколади ќе му ја даде потребната квалитетна енергија на вашиот мозок. Важно е од каде доаѓа шеќерот кој му е потребен на организмот.
Фруктозата која се наоѓа во многу нездрави намирници не е баш корисна, но природниот шеќер кој се наоѓа во медот, јаворовиот сируп и овошјето во голема мера допринесува за здравјето на мозокот.
Многу е корисно да знаете колку шеќер се наоѓа и во кои намирници. На пример, банана со средна големина содржи 14 грама природен шеќер. Исто така, кељот содржи доста шеќери. Овие две намирници полека ослободуваат енергија, со што не доаѓа до нагло зголемување на нивото на инсулин во крвта.
Заклучокот на д-р Ремзи е дека природниот шеќер може да ја подобри работата на мозокот и да го поттикне неговото правилно функционирање.
 
 Тој тврди дека шеќерот е витален за здравјето на мозокот кој користи 400 калории од глукоза на дневно ниво, но тоа не значи дека внесот на дв

Поврзани вести