Пристигнување на Кристи Пују и ексклузивна новинарска средба со Дамјан Козоле на „СИНЕДЕЈС“ во недела

Особено сме горди на гостувањето на еден од најценетите романски режисери на денешницата, Кристи Пују, кој денес од Букурешт пристигна во Скопје и лично ќе биде присутен на проекцијата на филмот „Сиера Невада“ од 20 часот во кино „Милениум“, во склоп на Фестивалот „Синедејс“.Исто така со големо задоволство може да ја најавиме и ексклузивната неформална средба на реномираниот словенечки режисер Дамјан Козоле со новинарите, на 13 ноември (недела) од 11 часот во фоајето на хотел „Мериот“, при што ќе биде отворен да поразговараме за неговиот најнов филм, „Ноќен живот“, кој ќе биде прикажан претходниот ден, сабота, на 12 ноември од 21 часот во киното „Фросина“.
Во овие два исклучителни филма како копродуцент се јавува продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. Двата филма се дел од програмата „МК во ЕУ“ на Филмскиот фестивал „Синедејс“.
Трејлери за двата филма може да се најдат на официјалната страница на „Синедејс“.
 Исто така со големо задоволство може да ја најавиме и ексклузивната неформална средба на реномираниот словенечки режисер Дамјан Козоле

Пронајдете не на следниве мрежи: