Притисокот на СЈО и СДС врз судовите ќе продолжи

Судот мора да работи по словото на законот и никако поинаку. Недозволиво е да потклекнува под партиско политичките притисоци на СДС и нивната испостава СЈО. Впрочем дека судот потпадна под ваквиот невиден притисок е и последната одлука за одредување на притвор спротивно на правните аргументи, изјави денес Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата изјава.Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите на СЈО. Оваа хајка во која сега директно се вклучи и судот е крајно тенденциозна и има за цел да изврши удар врз функционерите и самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова сценарио има за цел да ги руши позициите на Македонија во пресрет на распродажбата на националните и државни интерeси кои на големо ги подготвува Зоран Заев.
Овој притисок е оркестриран, дотолку повеќе што во него се вклучија и медиумите блиски до СДС кои сега креваат нова хистерија со барања за апсења. Оваа хистерија е јасна, бидејќи немаат правни аргументи, брзаат да апсат.
Јасно е дека притисокот на СЈО и СДС врз судовите ќе продолжи и понатаму. Затоа им порачуваме дека овие одлуки ќе бидат преиспитани, кога ќе дојде до промена на власта. Оваа антидржавна кампања на СДС и на Зоран Заев ќе дојде до својот крај многу скоро. Тогаш секој ќе одговара за своите постапки, вклучително и сите правосудни органи кои спротивно на законот носат одлуки.Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите

Пронајдете не на следниве мрежи: