Притворот за Кочан притисок врз медиумите и удар за Бошњаците

– Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“ смета дека со определената мерка притвор за Сеад Кочан се врши притисок врз медиумите. Според „АВАЗ“, чиј претседател е Кочан, случајот наликува и како некој да сака да им нанесе удар на Бошњаците.
– Случувањата за излез од политичката криза наликуваат на добро смислено сценарио со кое се врши удар врз Кочан. Тој е успешен бизнисмен и сопственик на медиум, Бошњак, но, не некој што стои на страна, туку некој што постојано со своите активности е вклучен во подобрувањето на статусот на Бошњаците во Република Македонија, наведува „АВАЗ“ во соопштение до медиумите.
Кривичниот совет одреди мерка притвор без да бидат исполнети условите за нејзино изрекување што ги потврдува сомнежите, како што оценува Здружението, дека се работи за монтиран политички судски процес.
Македонските граѓани, додава „АВАЗ“, ќе препознаат дека се работи за класичен притисок врз слободен медиум со кој се сака да се замолчи јавноста, да се дефокусира народот од настаните што се случуваат, без да се земе предвид дека со ова само се продлабочува кризата.
– Не сме против водење истрага, но не на ваков недоличен и срамен начин со кој се нанесува штета не само врз угледот на Сеад Кочан и неговото семејство, туку се врши притисок врз Бошњаците и медиумите во Република Македонија. Апелираме до сите инволвирани страни постапката да ја водат непристрасно и независно, почитувајќи ги уставно загарантираните права, основните начела во кривичната постапка, а особено презумпцијата на невиност, без подлегнување на политички притисоци, додава „АВАЗ“.
Здружението предупредува и дека одлуката за притвор на Кочан ќе предизвика последици од социјален аспект зашто во посочените и другите фирми-кооперанти се вработени околу 3.000 лица. Според „АВАЗ“, чиј претседател е Кочан, случајот наликува и како некој да сака да им нанесе удар на Бошњаците.
– Случувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: