Проблемот со загадувањето е деценски и не се решава со манипулативни прес-конференции

Дамјан Манчевски и СДСМ најдобро покажаа колку не знаат да се справат со загадувањето на воздухот во Куманово кое често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ.Во реакцијата се додава дека се пропаднати сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и Струмица, градови во кои гасот е само основ за криминал и тоа ниту една магла не може да го сокрие.
– Може да им се верува на Манчевски и СДСМ кога велат дека би сакале да го гасифицираат и Скопје по примерот на Куманово и Струмица- партија предводена од аболициран криминалец и не може да размислува поинаку освен преку матни зделки и преплаќање на гас да се стекнува со богатство, без оглед на ефектот по здравјето на граѓаните, стои во реакцијата.
Додаваат дека на листата на неспособни градоначалници на опозицијата се придодава и Андреј Жерновски кој, како што истакнуваат, ноторно лаже дека немал ингеренции во справувањето со состојбата на воздухот, обидувајќи се да се амнестира од одговорност за да може да се посвети на своите основни преокупации: правење боемски улици од 400 метри за 1,3 милиони евра евра и плаќање по 30.000 евра на диџеи за да не одржат концерт.
– СДСМ не го поздрави субвенционираниот автобуски превоз за повеќе категории граѓани, како студентите и пензионерите. СДСМ не го поздрави субвенционирањето на печките на пелети и намалувањето на ДДВ за пелетите. СДСМ не само што не ги поздрави новите термо фасади со кои се подобруваат изолационите карактеристики на објектите, туку и застана остро против нив. СДСМ застана против субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, како и против поттикнувањето за набавка на електрични автомобили, наведуваа од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата..
Според нив ова се само неколку докази дека лицемерите од СДСМ повторно се трудат да ги манипулираат граѓаните, само ако мислат дека од тоа можат да извлечат некој ситен политички поен.
Потсетуваат дека СДСМ е партијата која воопшто не го ни мереше загадувањето на воздухот и со овој проблем се справуваше така што го пикаше под тепих. – Нема мерење, нема загадување – тоа беше девизата на СДСМ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата наведуваат дека проблемот со загадувањето на воздухот е децениски и повеќеслоен и за тоа се преземаат конкретни чекори во еден долг процес, а не манипулативни прес-конференции со кои единствено се има за цел да се доведат во заблуда граѓаните.Во реакцијата се додава дека се пропаднати сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и Струмица, градови во кои гасот е само основ за к

Пронајдете не на следниве мрежи: