Прочитајте го уште на првиот состанок

Возбудена сте што конечно имате дејт и тоа со момче кое физички многу ви се допаѓа. Не дозволувајте возбудата да ви ги заслепи очите и забегани во фантазиите за тоа како ќе се вика вашето прво дете, да не забележите некои многу битни нешта во неговото однесување.На првиот состанок, обрнете внимание на овие неколку работи:
Бакшиш
Ако сме согласни дека момчето ја плаќа сметката, а девојката секогаш може да се понуди да плати половина, слободно можеме да стигнеме до бакшишот.
Кај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?
И всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.
Секако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?
Насилни гестови
Само што влеговте во ресторанот а тој се спречка со некој кој му го попречил патот? Дали тропа по масата, прегласно зборува и демонстрира вистинска драма бидејќи келнерот му ја згрешил нарачката? Внимавајте девојки, вие сте на состанок со насилен и арогантен тип на кого нема да му е проблем така да се однесува и совас.

 
Џентлменски потези
Некој рекол дека ако дечкото ѝ ја отвора вратата од колата на девојката, тогаш или му е нова девојката или му е нова колата. Шала на страна, никој не бара од нив постојано да се однесуваат како потрчковци. Ама ви се молам, отворање врата од кола барем на првиот состанок ако ништо друго! Прв си го намести столчето и сиседна, прв си ја кажа својата нарачка, хм, можеби воопшто не се труди да ве импресионира. А ако не вложува труд, зошто би вложувале вие?
Неговиот поглед
Да не се лажеме. Вие сте дотерани и убави и нормално е да ве посакува. Манијачките погледи се веќе нешто  друго. Додека вие му зборувате за некоја добра книга тој гледа во вашето деколте? Па баш добра работа направила мајка му со неговото воспитување. Ако ве гледа само како сексуален објект, се знае колку знае да ги цени и почитува жените. Да, имате право да станете од масата и да си заминете.
Културата на однесување
О не, тој само што ја фрли празната кутија од цигари на патот? Или мастиката ја остави залепена на чаршафот во ресторанот? Или можеби подждригна гласно и си ја избриша устата со ракавот? Чекајте, сигурни сте дека не сте на состанок со 5-годишник?
Без контрола во пиењето
Уште не завршил со вечерата а тој е веќе статива? Дали претера со пиењето? Најверојатно си имате работа со хроничен алкохоличар. Ако воопшто не се воздржува на првиот состанок, што ќе биде следно?
Не го пушта телефонот од рака
Човекот може да биде зафатен, но ако не успева да се ослободи од обврските додека е на романтичен состанок, тогаш може слободно да очекувате да ви се придружат неговите деловни партнери кога ќе славите годишнина. А може пак само да се преправа дека е зафатен со цел да ве импресионира. Да не знаеш што е полошо.
lady.mkНа првиот состанок, обрнете внимание на овие неколку работи:
Бакшиш

Пронајдете не на следниве мрежи: