Балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша на својот Фб профил напишала многу трогателна посвета, и на свој начин се простила од сараевската музичка легенда Кемал Монтено. Јелена покрај посветата ставила и линк на неговата чуена песна „Сараево, љубави моја“.„Во стеа оваа турканица, хаос, лудило, себичност, борба, подеми и падови, се случува момент кој не заледува во движење. Ни го застанува здивот. Нешто трне во градите. Дали слушна? Што? Не… Кога?….. Тишина. Молк.
Никогаш не сум имала прилика да те запознаам. Мислам дека еднаш поминав покрај тебе. Во напад на новинарски прашања, високо крената глава, те видов на кратко. Не можев да ти пријдам бидејќи се бранев и со нозе и со раце во некоја своја борба. Но да го сторев тоа, би ти кажала дека ми е чест што живеам во исто време и со тебе голем уметнику. Не те запознав, но ти ја знаев душата. Ти го знаев срцето. Ги остави во своите песни. Би разговарале со погледот, насмевката, со стисокот на раката. Патувај сега… Одмори се од оваа човечка темнина, од оваа наша кал. Живеј во светлината во која припаѓаш. Ти завидувам. Нема повеќе болка, нема повеќе разочарување. Успеа. Ќе живееш засекогаш. Во мене. Во сите нас“, напишала Јелена и редизвикала солзи во очите на многумина.„Во стеа оваа турканица, хаос, лудило, себичност, борба, подеми и падови, се случува момент кој не заледува во движење. Ни го застанува здиво
Пронајдете не на следниве мрежи:



