Продолжи конститутивната собраниска седница

Собранието на Република Македонија попладнево продолжи конститутуивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Откако беа исцрпени репликите на излагањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Муковски, збор зеде неговата сопартијка Лилјана Кузмановска која побара широка дебата од сите за излез од сегашната политичка состојба.
– Оваа состојба бара решение и вклученост на сите нас затоа што надвор ни се случува народ кој 40-тина дена кажува „не“ за одредена декларација или политичка платформа која СДСМ ја прифати, рече Кузмановска.
Го обвини СДСМ дека во спрега со СОРОС и активистите од Шарена револуција ја дестабилизирале Македонија со цел да ја тргнат политичката опција на власт и да ја спроведат т.н тиранска платформа. – Крајната цел е промена на името на РМ по грчки терк, рече Кузмановска, оценувајќи дека прифаќањето на платформата е предавство.
Процедурално реагираше Васко Ковачевски од СДСМ, посочувајќи дека Кузмановска малку дискутирала за точката на дневниот ред, а во останатото време, како што рече, ги пренела сите политички тези на ВМРО-ДПМНЕ за федерализација и поделба на државата. Побара извинување од Кузмановска затоа што ги оквалификувала пратениците од СДСМ како предавници и оцени дека битката на ВМРО-ДПМНЕ не е за опстанок на Македонија, туку, според него, за опстанок и заштита на криминалите.
Кузмановска одби да се извини истакнувајќи дека СДСМ „ќе бидат предавници се додека не се откажат од тиранската платформа. 
Александар Кирацовски од СДСМ во процедурална реакција оцени дека претседавачот Трајко Вељаноски „со неделовничко однесување свесно дозволувал и поттикнувал одолговлекување на седницата“. По ова Вељаноски апелира до пратениците да не употребуваат несоодветни зборови затоа што, како што рече, во краен случај работат за интересите на граѓаните.
Во претходниот дел од седницата, пратеникот Муковски рече дека нема да се дозволи со постизборениот инжинеринг со кој се соочувала Македонија и вештачки создаденото мнозинство да се загрози уставноста и унитарноста на државата. – Постизборно, наведе Муковски, се прифатени одредени документи кои на некој начин биле билет за добивање 67 пратеници за да се обезбеди  парламентарно мнозинство. Сето тоа, додаде Муковски, можеби и ќе поминеше доколку тој билет за влез во Владата на РМ не е суверенитетот, територијалниот  интегиритет, унитарноста и уставноста на Македонија.
Реплицирајќи му Панчо Минов од ГРОМ ја потенцира важноста на решението за избор на претседател на Парламентот, како основна функција на Комисијата за која се дебатира, што воедно би било и решение за политичката криза. Тоа решение, наведе, треба да биде во интерес на сите граѓани, а не во интерес на еден дел од Парламентот што сега се повикуваат на паралемнтарно мнозинство.
– Претседателот на Парламентот има важна улога  и во застапување на Собранието во меѓународната политика и тука е многу битно и неговото застапување по однос на меѓусоседските односи и дали има јасен став во однос на немешање  од соседите на РМ во внатрешните суверени права на земјата, рече Минов.
 Седницата  треба да продолжи по 10-минутната пауза.Откако беа исцрпени репликите на излагањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Муковски, збор зеде неговата сопартијка Лилјана Кузмановска која поб

Пронајдете не на следниве мрежи: