Продолжуваат протестите во Бугарија и покрај несогласувањата

Loading...

Протестите против монополите, лошото управување, корупцијата, ниските примања и политичките елити, кои изминатиот месец се постојани во Бугарија, во неделата се трансформираа проследени со скандали и покрај тоа што во неделата повторно Бугарите излегоа во повеќе градови низ земјата.Околу пладне пред зградата на министерството за економија во Софија, неколкуте десетици демонстрантите се раздвоиле, откако преку мегафон некои од дојдените на протестите се претставиле како радикално крило на протестите. Додека некои од „радикалите“ нагласиле дека тие се организатори на протестите, некои од собраните почнале да ги прашуваат кои се и дека не ги препознаваат како организатори на протестите кои траат речиси секојдневно веќе четврта седмица, пренесува БГНЕС.Во меѓувреме, некои од лицата коишто бугарските медиуми ги идентификуваат како организатори на протестите коментирале дека се прават обиди да се поткопаат протестите.„Сега некакви радикални движења издаваат соопштенија за организирање на протести на истото место, за да можат да го украдат гласовите на народот. Ние сме тука за покажеме дека борбата не престанала, додека некои прават тркалезни маси, ние работиме“, изјавил за агенцијата Јанко Петров, еден од организаторите на протестите кој ги повикал насобраните да се соберат пред театарот „Иван Вазов“ по што поголема група демонстранти тргнала по него, додека друга останал пред зградата на министерството за економија.Во меѓувреме почнале меѓусебните обвиненија меѓу групите демонстранти дека се поврзани со партии и за провокации коишто треба да ги растурат протестите. Но, како што јавува репортерот на БГНЕС, набргу тензиите меѓу демонстрантите стивнале.Речиси секојдневно во бугарските градови се организираат последните неколку седмици протести со учество на десетици илјади демонстранти коишто се противат на нискиот животен стандард, далеку под просекот во ЕУ, како и против корупцијата на етаблираните политички елити.Протестите ја принудија владата на Бојко Борисов комплетно да си поднесе оставка на 20-ти февруари, по што претседателот Плевнелиев го закажа одржувањето на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти мај коишто ќе ги организира техничката влада предводена од дипломатот од кариера Марин Рајков, кој беше номиниран од претседателот Росен Плевнелиев.
МакфаксПротестите против монополите, лошото управување, корупцијата, ниските примања и политичките елити, кои изминатио

loading...