Продолжуваат работите околу ревитализацијата на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија

Продолжува ревитализацијата на главниот топловод на потегот позади Народната банка на Република Македонија до трговскиот центар Веро – Џамбо во општината Центар.Согласно оперативниот план за реализација на оваа инвестиција, почнувајќи од утре (петок, 26.05.2017) попладне ќе започнат градежни активности преку булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, заради што сообраќајот на оваа собраќајница ќе биде под изменет режим. Секторот за сообраќај на Град Скопје има издадено соодветна дозвола за овој зафат, којшто ќе заврши во најкраток можен рок.
Работите на овој дел од топловодот беа одложени во период од седум дена заради потребата да се извршат дополнителни подготвителни работи на теренот, предизвикани од околоности кои не можеле да се предвидат.
Реализацијата на оваа инвестиција е од огромно значање за потрошувачите на општините Центар и Карпош, особено корисниците од населбите: Центар, Капиштец, Козле, Водно и Карпош, бидејќи со модернизација на мрежата ќе добијат уште посигурна и навремена испорака на топлинска енергија. Таа е дел од инвестициската програма на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи за 2017 во чии рамки се предвидени низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје. Истовремено преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје.Согласно оперативниот план за реализација на оваа инвестиција, почнувајќи од

Пронајдете не на следниве мрежи: