Проектот на Заев за гасификација е лажен!

Опозицискиот лидер Зоран Заев излезе со проект кој не е добро обмислен и се базира на тотално погрешни основи. Имено, Заев фалејќи се дека ја гасифицирал Струмица тврди дека ќе ја гасифицира Македонија.Но, фактите кои ги посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ се следни:
Прво, Струмица и Куманово не се приклучени на никаква гасоводна мрежа, туку се носи гас со цистерни. Тоа е исто како да се фали некој градоначалник дека донел водовод во некое населено место, но водата се носи со цистерни до домаќинствата.
Второ, токму затоа Струмица и Куманово плаќаат најспак гас и приклучок во светот, чија просечна цена е поскапа од цената на струјата и цената на мазутот. 508евра по м3 е сосема неисплатлива цена која доколку Заев ја спроведе на ниво на Македонија ќе значи оштетување на сите граѓани.
Трето, високата цена придонесе таканаречената гасификација со цистерни да доживее тотално фијаско во Куманово и Струмица. Компанијата што стопанисува со процесот работи со дебела загуба во Струмица и Куманово.
Четврто, на вистинската гасификација работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на примарната гасификација, започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри која треба да заврши следната година. За неа се инвестираат околу 16 милиони евра. Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши пред два месеци, а беа инвестирани 75 милиони долари.
Паралелно со изградбата на оваа делница скоро се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа. Во однос на носењето на гасот до домаќинствата, наскоро почнува изградбата на дистрибутивна мрежа со која природниот гас ќе биде достапен за граѓаните и компаниите.Но, фактите кои ги посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ се следни:
Прво, Струмица и Куманово не се приклучени на никаква гасоводна мре

Пронајдете не на следниве мрежи: