ПРОФ. Д-Р ЖИВКО АНДРЕВСКИ:Сите можности на правната професија

Наставно-образовниот процес особено внимание посветува на способноста на студентите веднаш да започнат со работа како адвокати, нотари, во медијацијата, во обвинителствата, во судските процеси и во други институции како познавачи на деловното право, меѓународното право и меѓународните односи, вели деканот на Факултетот за правни науки при ЕУРМ, проф. д-р Живко АндревскиНа што поточно е ставен акцентот во наставно­образовниот процес на Факултетот за правни науки при ЕУРМ?
Од почетокот на постоењето на правните студии на Европскиот универзитет РМ многу внимание им посветувавме на резултатите од вкупниот наставно­образовен процес. Акцентот во овој процес е ставен на знаењата што нашите студенти дипломирани правници, магистри по правни науки и магистри по право ги стекнуваат во текот на студиите и со кои ќе се појават на пазарот на трудот. Исто така, особено внимание посветуваме на нивната способност веднаш да започнат со работа како адвокати, нотари, во медијацијата, во обвинителствата, во судските процеси и во други институциикако познавачи на деловното право, меѓународното право и меѓународните односи.
За најширокото сфаќање на професијата правник се повикувавме на европски и светски стандарди и критериуми, на условите што ги наметнува пазарот на трудот, како во земјата, така и во европски и светски рамки. Факултетот за правни науки при ЕУРМ го следи начинот на работа на највисоко рангираните правни факултети во Европската Унија.
До какви сознанија дојдовте и што како факултет, односно како Европски универзитет преземавте?
Кога ги споредивме наставните, односно студиските програми со трите највисоко рангирани правни факултети во Европа ­ Оксфорд, Кембриџ и Единбург констатиравме дека нашите програми 80 отсто се идентични со овие високообразовни институции. Притоа, треба да се истакне дека законските
одредби од нашата земја обврзуваат, за правните студии, таа совпадливост да биде околу 60 проценти. Според тоа, ги групиравме наставните програми, односно предметите на целини кои се однесуваат на основите и теоријата на правото, на уставното право, на граѓанско­правна материја, на казнено­правни содржини, на меѓународно јавно и приватно право. Притоа, се внимаваше на тоа секоја целина да има свој логичен, академски и практичен почеток и крај.
Конкретно за наставната материја се определивме за флексибилна испреплетеност на теми, подтеми,прашања и слично кои имаат општо значење, кои соодветствуваат на нашата македонска ситуација и низ кои се согледуваат правните решенија.
Како се одвиваат студентските активности и како студентите гледаат на задолжителната пракса?
Студентските активности се одвиваат низ подготовка, презентација, одбрана на семинарски трудови, проектни задачи, стручни анализи, есеистички проучувања кои ги димензиониравме да ги изразуваат афинитетите на студентите, да им даваат шанса за сопствен креативен ангажман, да создадат услови
за дебата и дообјаснувања. Задоволството е обострано, бидејќи овие идеи и практики даваат многу добри, а понекогаш и одлични резултати.
Наспроти општите размислувања и верувања дека практичната настава е чиста формалност, нашите студенти, кога ги упатувавме на едномесечна,задолжителна пракса тие не замолуваат да одат таму каде имаат можност да научат нешто вредно. И професорите и асистентите на Факултетот за правни
науки, како и на Европски универзитет РМ преку Центарот за кариера ги исползувавме официјалните и приватните врски и комуникации и им обезбедивме на сите студенти активна и атрактивна практична настава ­ во фирми, кај адвокати, во обвинителства, во граѓански организации…
Каде се и што прават вашите дипломирани и магистрирани студенти?
Еден дел се адвокатски соработници, друг дел помагаат во обвинителства и судови, трет дел се подготвени да ги наследат своите мајки и татковци во адвокатски и нотарски канцеларии. Некои веќе имаат свои развиени бизниси и самостојно си ги водат правните работи, други пак ги водат правните
работи на други економски субјекти. Како и да е, ние постојано контактираме со нив, многумина не поканиле и на сопствените свадбени свечености, на отворањето на фирмата, а понекогаш знаеме и заедно да се напиеме нешто и да евоцираме спомени.
Низ изминатите повеќе од деценија и пол на Европскиот универзитет РМ, повеќе пати сме стилизирале повикувачки и вреднувачки слогани кои се однесувале и на целата високообразовна институција и на одделните факултети, како и на Факултетот за правни науки.
Еве можност уште еднаш да се потсетиме на нив и да ги погледнеме…
Визија, Верба, Вредности, Знаење и развој на студентите, Со позитивна енергија кон предизвиците,
Во нови простории за нови успеси, Отворени перспективи за иднината, Секогаш во согласност со законот.
 
 На што поточно е ставен акцентот во наставно­образовниот процес на Факултетот за правни науки при ЕУРМ?
Од почетокот н

Пронајдете не на следниве мрежи: