Професионалните активисти беа добро платени, локалниот персонал на амбасадите имаше коруптивни мотиви, Заев беше во криминална шема

Во анализата на „The American Interest“ авторот пишува за дејствијата на СДСМ на македонската политичка сцена.„Со изборите во 2011 година СДСМ се сведе на протестно движење базирано на оставина, а и таа оставина не беше многу привлечна“, пишува во текстот.
СДСМ стана партија позната по транзицијата по осамостојувањето на Македонија, по промената на знамето и прифаќањето на кратенката ФИРОМ.
„Брендот на СДСМ се асоцираше со понижувачките отстапки кон Грција, најмногу според промената на знамето и ФИРОМ. Надвор од власт, замрзнати, СДСМ практично престана да нуди конструктивни политики и целата енергија ја насочи кон критика на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во текстот.
Во анализата се вели дека СДСМ ја претставуваа Македонија во најлошо светло пред странските дипломати, новинари и европски бирократи.
„Нефунционалниот СДСМ, поддржан од секогаш растечкиот број на НВО, создаде наратив и го промовираше на странските дипломати, новинари и европски бирократи. Велеа дека во Македонија нема медиумски слободи, нема владеење на правото, дека нема европски вредности, дека има изобилие на национализам и дека има безмилосен режим. Секој во пристојните западни друштва поверува дека ова е вистина, затоа што тоа континуирано го слушаа од локалците кои ги знаеа точните фрази и точните зборови, за успешно да поминуваат нивните апликации за финансиски грантови“, пишува во текстот.
„Во реалноста, наративот просто го покри занаетот и работата на СДСМ. Неколку десетици моќници тоа го искористија за да се збодијат со значителни и големи суми на меѓунардни пари за помош за нивна сопствена корист, а во сето тоа целосно се загубија од линијата на политиката и граѓанскиот активизиам“, пишува авторот.
„Да се биде професионален  активист стана добро платена работа“, пишува во анализата на магазинот, каде се наведува во Македонија се создала гротеска од растечка индустрија на НВО и цивилното општество.
Во анализата се вели дека индустријата на разните НВО здруженија ги злоупотребувала парите од даночните обврзници на САД и ЕУ.
Магазинот наведува дека дипломатите некритички се ставиле на страната на СДСМ.
Авторот на текстот пишува и за аболицијата со која тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски го спаси Зоран Заев од затвор за криминал тежок 8 милиони евра, за трговскиот центар Глобал. Криминалната шема на Заев во анализата е наречена „бакнеж на смртта“.
„The American Interest“ наведува дека САД и ЕУ слепо се воделе од локалниот персонал, кој имал нечесни мотиви. Во текстот се вели и дека Администрацијата на Обама направила голема грешка во проценката дека кризната ќе резултира со смена на владата.
Во текстот се пишува и дека Платформата од Тирана го разбудила заспаниот патриотизам кај многу луѓе кои не се политички активни.
„Македонците искрено стравуваат дека нивната земја е во криза за опстанокот. Минатава недела видов обични луѓе од сите возрасти кои демонстрираат мирно но одлучно“, пишува автоворот во текстот.„Со изборите во 2011 година СДСМ се сведе на протестно движење базирано на оставина, а и таа оставина не беше многу привлечна“, пишува

Пронајдете не на следниве мрежи: