Професори го охрабруваат Заев да го осуди измислениот геноцид врз Албанците

Албанските професори во Македонија не гледаат ништо спорно во Тиранската Платформа. Вчера во емисија на Алсат, Веби Исмаили, професор по Историја на Универзитетот во Тетово, изјави дека барањата од Тиранската платформа биле легитимни. Истиот овој професор кој сега го охрабрува Заев да го осуди измислениот геноцид врз Албанците, пред неколку години бараше манастирот „Свети Наум“ кај Охрид да се припои кон соседна Република Албанија и тврдеше „Тоа не е територија на Македонија. Македонија барајте ја од Велес, па натаму“.  – Нашите првични барања кои се легитимни, колку што јас ги прочитав, тоа се неколку нормални барања од секојдневниот живот, а ним тие им пречат. Една од нив е за јазикот, а видов и една точка за за геноцид, и за тоа нема ништо лошо. Професорот ја знае подобро таа област, и со меѓународни права, уште од Лондонскиот договор, сите малцинства кои остануваат надвор од матичната земја,  се заштитени со Меѓународни конвенции. И ние побаравме од 1912 година, кога е направен невиден геноцид  кон Албанците… Да се вратиме како брзање и вистината да излезе на виделина, истакнува Исмаили.
Доколку се изгласа таква резолуција во Собрание со која ќе се осуди наводен геноцид врз албанците во Македонија во период од 1912-1956, Македонскиот парламент ќе ги прогласи за геноцидни : Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците и Италијанците, но и Македонците како учесници на АСНОМ и НОБ во периодот од 1944-1956.
Ваквите изјави доаѓаат откако Зоран Заев и СДСМ отворено во повеќе наврати во  повеќе гостувања кажаа дека ја поддржуваат Тиранската Платформа и се спремни во целост да ја реализираат и дебатираат.
Инаку, истиот овој професор Веби Џемаили кој сега го охрабрува Заев  да го осуди измислениот геноцид врз Албанците, пред неколку години бараше манастирот „Свети Наум“ кај Охрид да се припои кон соседна Република Албанија.
-Свети Наум од памтивек бил на Албанија и на Албанците. Ќе бараме манастирот да и се врати на Република Албанија. Тоа не е територија на Македонија. Македонија барајте ја од Велес, па натаму. Охрид бил главен град на средна Албанија, а српската дипломатија во 1925 година го зела манастирот во своите граници” – изјави Џемаили тогаш за весникот „Време“ како претседател на Здружението на албанските историчари во Македонија.
Според него, преземањето на Свети Наум од страна на МПЦ било „класично крадење на историјата“.
-Има аргументи и автохтони сведоштва дека „Свети Наум“ била црква на православните Албанци. Негови градители биле Албанци, а службите се воделе на албански јазик, изјави Џемаили.– Нашите првични барања кои се легитимни, колку што јас ги прочитав, тоа се неколку нормални барања од секојдневниот живот, а ним тие им преч

Пронајдете не на следниве мрежи: