ПРОГОВОРИ СОПРУГАТА на пилотот на исчезнатиот авион и откри клучна информација

Сопругата на пилотот од исчезнатиот малезиски Боинг по неколку месеци го прекина молкот за да реши барем еден детал од мистеријата која и понатаму го привлекува светското внимание.Новозеландски новинар и искусен пилот моментално работат на книга за таинственото исчезнување на авионот на Малезија Ерлајнс и велат дека Фезах Хан во телефонски разговор потврдила дека личноста која последна контактирала со контролата на летот бил нејзиниот сопруг Захарие Ахмад Шах (53).
Таа рекла дека нејзиниот најстар син го препознал гласот на таткото на снимката како вели „Добра ноќ Малезија 370“.
Тоа е во спротивност од досегашните официјални тврдења според кои последниот поздрав од кокпитот го кажал копилотот Фарик Абдул Хамид. Со оваа верзија прв во јавноста излезе шефот на Малезија Ерлајнс Ахмад Џаухари Јахја, но истовремено наведе дека последните зборови биле „Во ред, добра ноќ“.
Тоа подоцна беше негирано, а како доказ беше приложена снимка. Во меѓувреме малезиските истражители објавија дека не успеале со сигурност да го идентификуваат гласот на личноста од снимката.
Ако пилотот бил навистина последниот човек кој комуницирал со контролата на летот, во недостатот на други конкретни докази за евентуално киднапирање во авионот, по метод на елиминација, одговорноста би паднала на Шах, што според британските медиуми наводно го заклучиле и малезиските истражители.
– Во нешто повеќе од три месеци откако авионот исчезна ниту еден медиум не успеа да добие изјава од вдовицата на Захарие. Имавме среќа што токму од неа добивме потврда за тоа кој управувал со авионот. Тоа е големо откритие затоа што до сега тој детал не беше познат, изјавил новозеландскиот новинар Џеф Тејлор, кој е заменик главен уредник на дневниот весник Ваикато Тајмс.
Последните зборови од кокпитот се снимени околу час по полетувањето на авионот од Куала Лумпир за Пекинг, а пред наглото свртување кон југ каде до сега беше фокусирана истрагата.Новозеландски новинар и искусен пилот моментално работат на книга за таинственото исчезнување на авионот на Малезија Ерлајнс и велат дека Фезах Хан

Пронајдете не на следниве мрежи: