вторник, 24 ноември 2026
Најново

Произведен новиот Amarok „Dark Label“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возилото Amarok од брендот Volkswagen Комерцијални возила не само што импресионира со своите способности на и надвор од патот, туку и со својот изглед ги привлекува сите вљубеници во автомобилите.Поспортскиот и елегантен имиџ на специјалниот модел ” Amarok „Dark Label“  се добива со акцентирањето на уникатните визуелни детали.  „Dark Label ” се разликува од сите други верзии на Amarok по своите темни дополнителни елементи. Особено привлечни се црните 18-инчни „Дурбан” алуминиумски тркала. Овој специјален модел има „Trendline” ниво на опрема – а дополнително се издвојува со темните задни странични стакла, како и по темното задното стакло, Б – столбовите се покриени со црни дизајнирани ленти, возилото има затемнети задни светла и LED – осветлување на регистарската табличка.
Исто така, црни се и рачките на вратите, ретровизорите, задниот браник и ролбаровите, како и страничните прагови, додека стилизираниот долен ден напред е во сребрена боја.
Во внатрешноста, новиот специјален модел се одликува со пософистицирана кабина, седишта кои се обложени со Alcantara, потпис на патосниците, радио RCD 310 со команди на мулти-функционалниот управувач, греење на предните седишта и греење на бришачите на ветробранското стакло. Исто така товарниот простор е прекриен со Durabed слој.
 
Покрај Starlight сината боја и други бои се на располагање кај Amarok Trendline, тој може да се нарача како “Dark Label” – од „Candy“ бела боја до длабоко црна со бисерен ефект.
Amarok ” Dark Label”, достапен е само со двојна кабина, во комбинација со моторите кои имаат опсег на моќност од 103 kW / 140 КС до 132 kW / 180 КС и со повеќе варијанти на погонски системи.
Овој автомобил за прв пат беше прикажан на автомобилскиот саем во Франкфурт. Поспортскиот и елегантен имиџ на специјалниот модел ” Amarok „Dark Label“  се добива со акцентирањето на уникатните визуелни детал

Поврзани вести