Проклетството на палатата на молдавскиот принц во која е поделена Македонија

Таа палата веќе не постои. Урната е во 1946 година откако беше тешко оштетена две години порано во текот на бомбардирањата во Втората светска војна. А беше една од најубавите згради во Букурешт кога беше завршена во 1901 г., токму онаква за да го одрази духот на нејзиниот градител, принцот Григорие Стурдѕа, кој беше многу богат, многу го сакаше животот и сè што носи тој.Локацијата сега е празна, а во непосредна близина е зградата на романската влада. Ваков одговор, во пресрет на утрешната 100-годишнина од потпишувањето, деновиве добивме во Букурешт во обидот да дознаеме во кој објект во романската престолнина бил заверен познатиот Букурешки договор, со кој силите-победнички во Втората балканска војна ја распарчиле дотогашната територија на Отоманската Империја во Европа, која во најголем дел беше населена со македонскиот народ.
Мини-истражувањето што го направивме го откри податокот кој е познат на романските научни и други кругови, но сосема недоволно познат на македонските историчари и на јавноста – Букурешкиот договор на 10 август 1913 година бил потпишан во тогашната палата, во која во тој период било министерството на надворешни работи на Романија.
Меѓу жителите на романската престолнина оваа палата е позната како „Палата Стурдѕа“ по името на нејзиниот нарачател и градител Григорие Стурдѕа, молдавски принц и романски политичар и чие богатство и односот кон животот им се добро познати на жителите на престолнината и пошироко. Потврда за ова добивме од Националниот музеј на романската историја, чиј музејски куратор Лаура Лаптои во куси црти ни ја раскажа и приказната за богатиот принц кој, за жал, не дочекал да живее во преубавата палата што решил да ја подигне.
– Зградата за која се интересирате е „Палата Стурдѕа“, која се наоѓаше на скверот „Викторија“ во Букурешт. Таа беше конструирана меѓу 1897 и 1901 година за нејзиниот сопственик Григорие Стурдѕа. За жал, истата година кога зградата била завршена, починал и нејзиниот сопственик. Неговото семејство потоа решило да ~ ја продаде палатата на романската држава и таа станала седиште на министерството за надворешни работи. Таму беше потпишан и договорот во 1913 година – ни објасни кураторката Лаура Лаптои, создавајќи ни на тој начин впечаток за своевидното проклетство на оваа палата чиј сопственик починал без да ужива во неа, во која е поделена Македонија, која била разурната во војната неколку децении потоа и од која романските комунистички власти не оставиле ниту камен.
Претходно, во контактите со македонските историчари не успеавме да добиеме информација за тоа дали на нашата историографија ~ е познато каде точно е потпишан договорот. Во книгата „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија 1913“ авторите Ванче и Александар Стојчев го наведуваат податокот објавен на веб-страницата на самитот на НАТО одржан во Букурешт во 2008 година, според која, потпишувањето на Договорот се случило во дворецот „Kантакузин“ во Букурешт, а тоа не се совпаѓа со информацијата од Националниот музеј на романската историја.
Повеќе прочитајте на think.mkЛокацијата сега е празна, а во непосредна близина е зградата на романската влада. Ваков одговор, во пресрет на утрешната 100-годишнина од потпишува

Пронајдете не на следниве мрежи: