Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, не постигнува често голови, но кога ќе ја затресе мрежата во светот умира една позната личност.Приказната за „проклетството на Ремзи“ почна во 2011 година, а многумина тврдат дека неговиот почеток датира уште од 2009 година.
Проклетството почна повторно да ја тресе светската јавност кога само два дена откако фудбалерот постигна гол на средбата од Купот на ФА против Сандерленд, почина Дејвид Боуви.
Неколку дена подоцна, Ремзи беше стрелец на натпреварот против Ливерпул, по што почина актерот Алан Рикман.
Арон Рамзи, во саботата постигна гол за Арсенал во дербито со Тотенхем, а ден подоцна светот го напушти поранешната прва дама на САД, Ненси Реган. Таа почина на 94-годишна возраст.



