Проколнато турско злато се крие во Македонија

Македонија е богата со природни богатства. Но, покрај нив, постојат и мистериозни скриени богатства за кои се смета дека се уште од времето на Турците, кои долг период беа на територија на Македонија.
Во последните неколку години, македонската земја е копана поради потрагата на злато. Трагачите на скриено богатство се буквално како на филм. Тие се опремени со најразлични мапи и детектори за наоѓање злато под земјата.
За новинската агенција Дојче Веле, еден од најискусните македонски трагачи на злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, открива дека во Македонија се кријат многу закопани богатства, многу злато, алтани, накит, но не со тони, туку во грниња, скриени на тешко достапни места.

Димовски вели дека од соседните земји се носат мапи на скриено богатство, но тој лично, при потрагата на богатствата се води од преданијата и приказните раскажувани од колено на колено. Раскажува дека до скоро на многу куќи во македонски села, на самите тавани имало исцртано карти како да се стигне до закопаното богатство. Од Турција и Бугарија се носеле и мапи, рачно нацртани, кои упатувале до местата. Местата под кои се крие ковчежето или грнето со злато биле обележувани со точки или крст, најчесто во близина на некое старо дрво или чешма.
Според некои легенди, мапите со скриеното богатство биле цртани со крв. Легендите велат дека во источна Македонија се наоѓа злато што го закопале Турците додека бегале по Првата Светска војна, битолскиот регион е полн со закопано еврејско злато, додека пак во југозападните краишта на земјава се крие римско злато. Во Мариовско, пак, кај Расимбеговиот мост на Црна Река закопани се два тона злато во прачки, кои биле сопственост на Отоманската банка во Битола. Турците златото го закопале бидејќи не можеле преку Лерин да го изнесат од Македонија.
Некои сметаат дека на територија на Македонија има закопано повеќе од 220 тони злато.

Турското злато во Македонија е проколнато!
 Сепак, мистеријата околу турското злато е што многумина сметаат дека е проколнато со една или повеќе клетви.
Се раскажува дека скриеното злато е проколнато и дека ако не го откопа личноста која таму го сокрила, ќе се исполни клетвата. Се верува дека многу алчни луѓе, бел ден не виделе од кога пуштиле рака по туѓото азно.
Секое злато бара да му се принесе жртва, курбан, и тоа најчесто човечка. Старите раскажуваат дека за да се откопа скриеното злато, потребно е местото да се посипе со брашно или пепел и да се остави така една ноќ.
Следното утро ќе има стапалки од жртвата што ја бара, било јагне, пиле или човек, и од бараниот курбан требало да се посипе крв. Како што ми раскажуваше еден добро упатен, постар човек, најчесто на поспаниот пепел се појавувала човечка дланка.
На тоа место требало да се посипат неколку капки крв. Ако крвта не е од првата личност, тогаш оној што ќе го откопа и искористи златото ќе го снајде неволја, трагедија. Алчните трагачи по злато, порано, се договарале со докторите, да им дадат малку крв од некој старец пред умирање, па подоцна да си го поделат богатиот плен. Кога ќе се потрошел првиот грош од туѓото злато, жртвата чија крв е посипана, умирала.
Друга верзија од приказната е дека луѓето кои зеле од проколнатото злато или умирале или пак им умирале децата. Некои го изгубиле паметот.
Иако сеуште не е потврдено, многу трагачи од Македонија, а и пошироко се заинтересирани за ова проколнато турско злато кое лежи на територијата на Македонија.
Да се надеваме дека приказните со клетвите се неточни, па можеби на некој трагач по злато ќе му се посреќи и ќе го најде токму ова „проколнато“ турско злато.

Фото. МотикаМакедонија е богата со природни богатства. Но, покрај нив, постојат и мистериозни скриени богатства з

Пронајдете не на следниве мрежи: