петок, 27 ноември 2026
Најново

Промоција: „1992 -година на опасни ризици“ од Стојан Андов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во свечената сала на Кинотеката на Македонија, на 30 ноември  (среда) во 18 часот ќе биде промовирана книгата „1992 – година на опасни ризици“ од Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија по нејзиното осамостојување.За најновото дело на познатиот политичар, публицист и писател ќе говорат истакнатите македонски писатели Јордан Плевнеш и Паскал Гилевски, а извадоци од делото ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Велјановски.
Стојан Андов (Кавадарци,1935) по пензионирањето и по повлекувањето од активниот политички живот објави десет публицистички и литературни дела, кои предизвикаа голем интерес кај широката читателска публика во Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“ , „Источни патувања“ , „Од мој агол“ , „Стравот и љубовта“ , „Кицо Американецот“ , „Враќањето на Американецот“ , „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ , „Приказната на Марија“  и „ Драматичната 1991 година“.
 За најновото дело на познатиот политичар, публицист и писател ќе говорат истакнатите македонски писатели Јордан Плевнеш и Паскал Гилевски

Поврзани вести