ПРОМОЦИЈА НА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА ВМРО 1893-1934 ГОДИНА

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност,на 25 декември (петок) годинава во 12,30 часот ќе се одржи промоција на првата „Енциклопедија на ВМРО 1893-1934 година“, што ја подготвија проф.д-р Никола Жежов, проф.д-р Мирјана Нинчоска и доцент д-р Теон Џинго, во издание на Матица македонска. Во ова дело од капитално значење застепени се над три илјади одредници, богато илустрирани од познатиот македонски ликовен уметник и дизајнер Кочо Фидановски.
На промоцијата воведна реч ќе има Никола Жежок,главен редактор на изданието, а Енциклопедијата ќе ја промовира проф.д-р Виолета Ачковска. Обраќање ќе има и д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.
Музеј на македонската борба за државност и самостојностВо ова дело од капитално значење застепени се над три илјади одредници, богато илустрирани од познатиот македонски ликовен уметник и диза

Пронајдете не на следниве мрежи: