Промоција на книгата „Разговорница“ од Кристина Николовска

На 21 мај (четврток) во 12 часот во „Матица ексклузив„ ќе биде промовирана книгата филозофски разговори Разговорница од Кристина Николовска. Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, а музички настап ќе има маестро Борис Трајанов. На промоцијата ќе има и средба со соговорници на Николовска.Книгата содржи разговори за уметноста и филозофија на уметноста со познатите: Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Борис Трајанов и Венко Андоновски.
Кристина Николовска е писател, универзитетски професор, теоретичар на литература, литературен критичар, есеист, поет, антологичар, менаџер на кампањи.
Николовска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Автор е на дванаесет книги поезија, теорија на литература, литературна критика и есеистика, монографии и филозофски разговори.
четврток, 21 мај
12:00 часот
Парк на книгите
Ул. Ѓуро Стругар 13Книгата содржи разговори за уметноста и филозофија на уметноста со познатите: Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Бори

Пронајдете не на следниве мрежи: