Промоција на романот „Последниот монах“ од Добре Тодоровски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје,  на 28 октомври (петок) во 12 часот ќе се одржи промоција на романот „Последниот монах“ од Добре Тодоровски, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје. За најновото дело на авторот ќе зборува писателот Панде Манојлов, а извадоци од книгата ќе чита Антонио Павловски.Во своето најново дело писателот обработува тематика од нашето поблиско минато и литературно отсликува дел од животот на луѓето на испустените македонски села. Главниот лик на романот детството и младешките години ги поминува во Франција, каде што со одличен успех ќе заврши факултет.  Со годините и животот поминат во друга земја, доаѓа до негово разочарување, а спасот го бара во мир и во тишина. Извесно време престојува во манастирот Хиландар на Света Гора, каде што и се замонашува.
По враќањето во Македонија животот го продолжува во еден од нашите манастири во пелагонискиот реон.
 Во своето најново дело писателот обработува тематика од нашето поблиско минато и литературно отсликува дел од животот на луѓето на испуст

Пронајдете не на следниве мрежи: