Промотивно од „Близу“:комплетен Премиум пакет за 1.099 денари месечно

Loading...

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес ја промовира новата ексклузивна понуда со која корисниците кои ќе потпишат договор за пакетите Екстра или Премиум, добиваат специјална промотивна цена за користењето на пакетите во првите 6 месеци, како и бесплатен модем со вграден WiFi рутер. Корисниците кои ќе потпишат договор за пакетот Премиум, ќе го користат пакетот по специјална промотивна цена од 1.099 денари во првите 6 месеци.Пакетот Премиум вклучува дигитална телевизија со до 140 дигитални канали од кои 16 се HD, неограничен интернет со брзина од 100 Mbps и фиксна телефонија со вклучени 600 бесплатни минути кон сите фиксни оператори, а неограничени разговори во мрежата на Близу.
“Еден од најголемите предизвици на „Близу“е овозможување на врвна услуга и користење на пакети со сите услуги на сите наши потенцијални корисници. Со оваа последна промоција, сите можат да го користат комплетниот Премиум пакет, во кој се вклучени сите бенефити кои еден корисник може да ги добие- најголем број на дигитални и HD канали, неограничен интернет, фиксна телефонија со најмногу поволности” изјави Искра Секуловска, Маркетинг Директор во „Близу“.
Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на  Телеком Австрија Групација. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супер-брз неограничен интернет со брзина до 100 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.Пакетот Премиум вклучува дигитална телевизија со до 140 дигитални канали од кои 16 се HD, неограничен интернет со брзина од 100 Mbps и фиксна телеф

loading...
Loading...