Пронајден „Сибирскиот Могли“ по 16 години поминати во дивина

Руските власти пронашле млад човек кој живеел сам во сибирската шума речиси 16 години.Најголемиот дел од својот живот тој го поминал далеку од цивилизацијата, живеејќи со своите родители во колиба.
Случајот го пријавија локалните власти во градот Белокурха, откривајќи дека младиот човек има 20 години и дека живеел во шумската колиба уште од 1997 година, кога неговите родители одлучиле да го напуштат светот, цивилизацијата и општеството и да живеат сами и изолирани во шумите на Сибир.
Родителите, сепак, заминале во мај годинава и го оставиле сам во колибата, па младиот човек, чиј идентитет не се открива, одлучил првпат по 16 години да дојде во најблиското село, за да бара помош.
Властите тврдат дека младиот човек изгледа сосема нормално и здраво, освен што зборува полека, затоа што не комуницирал со луѓе долго време. Неговото семејство заминало за да живее во дивината сосема доборволно, без присилба од никого, но тоа не го направило од религиозни причини.
Претставник на локалните власти во Белокурха изјави дека најверојатно, младиот човек се исплашил дека ќе мора зимата да ја помине сосема сам во колибата, па заминал од дивината.
Московските медиуми веќе го нарекуваат човекот „шумското дете“, или „сибирскиот Могли“, според главниот лик од романот на Рајдард Киплинг „Книга за џунглата“.
Белокурха е област во Русија позната како место за одмор. Областа се наоѓа во реонот на руски Алтај, во јужен Сибир, каде има извори со минерлана вода, лековити бањи и терени за скијање во зимските месеци.
kurir.mkНајголемиот дел од својот живот тој го поминал далеку од цивилизацијата, живеејќи со своите родители во колиба.

Пронајдете не на следниве мрежи: