Пронајдена ЦРНАТА КУТИЈА на малезискиот авион – Обвинувањата не престануваат

Припадниците на проруските сили на истокот на Украина соопштија дека ја пронашле „црната кутија“ на малезискиот авион, што денеска се урна со 295 патници и членови на екипажот, пренесоа руските медиуми.Истовремено, како што пренесува Танјуг, директорот на украинската служба за контрола на воздушниот  сообраќај, Дмитро Бабејчук, изјави дека екипажот на авионот на „Малезија ерлајнс“ не пријавил никакви проблеми при летот.
-Летот во украинскиот воздушен простор се одвивал без никакви проблеми. Од екипажот не добивме пријава за некакви проблеми, рече  Бабејчук.
Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека терористички чин е причина за падот на малезискиот патнички аион на истокот на Украина, во кој, според последните податоци, погинале  најмалку 300 лица.
-Порошенко мисли дека авионот е соборен. Да тоа не била несреќа, ниту катастрофа, туку терористички чин“, соопшти портпаролот на украинскиот претседател.

Во меѓувреме, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека при падот на авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“, на истокот на Украина, погинале најмалку 300 лица, меѓу кои 23 и државјани на САД, пренесоа британските медиуми.
-Најмалку 300 недолжни лица се убиени… колку што знаеме, од тоа 23 се државјани на САД- соопшти Зорјан Шкириак. Оваа авиокомпанија претходно соопшти дека во авионот се наоѓале 280 патници и 15 членови на екипажот.
Авионот бил соборен со проектил земја-воздух над Украина, во близина на границата со Русија.
Агенциите, повикувајќи се на различни извори, јавуваат дека никој не ја преживеал несреќата.
„Боингот 777“ летал од Амстердам за Куала Лумпур и бил соборен додека бил на височина од 10 километри.Истовремено, како што пренесува Танјуг, директорот на украинската служба за контрола на воздушниот  сообраќај, Дмитро Бабејчук, изјави дека ек

Пронајдете не на следниве мрежи: