Пронајдени црните кутии од авионот кој се урна во Колумбија

Колумбиски претставници изјавија дека на местото на несреќата пронајдени се двете црни кутии од урнатиот авион. Колумбиските медиуми објавија и детали од последниот разговор на пилотите со контролата на летот. Пилотите се жалеле на проблеми со моторот, како и дека им снемува гориво. Откако контактирале со контролата на летот одобрено им било вонредно слетување.
Претходно, Колумбиската служба за цивилно воздухолпловство соопшти дека најмалку шест лица ја преживеале авионската несреќа, во  која утринава загинаа над 70 лица, вклучувајќи и поголем дел од бразилски фудбалски клуб.
Меѓу преживеаните има тројца играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, двајца членови на екипажот на урнатиот авион и еден новинар.
Бразилскиот претседател Мишел Темер издаде указ за тридневна национална жалост во спомен на жртвите на авионската несреќа во Колумбија.
Британската служба за истраги на воздухопловните несреќи соопшти дека ќе испрати своја екипа од експерти кои ќе треба да им помогнат на колумбиските власти во истрагата за несреќата.
Се очекува тричлената екипа истражители утре да пристигне на местото на несреќата. Истрагата ќе ја предводат колумбиските воздухопловни власти, а Велика Британија ќе учествува како земја во која е произведен авионот.Колумбиските медиуми објавија и детали од последниот разговор на пилотите со контролата на летот. Пилотите се жалеле на проблеми со моторот, како и

Пронајдете не на следниве мрежи: