Пронајдоа спасоносно решение: Продолжуваат погубувањата во САД!

Во американската држава Џорџија, синоќа е извршена првата смртна казна со инјекција, по седумнеделната пауза поради неуспешната егзекуција во државата Оклахома.Осудениот Маркус Велон (58), синоќа беше погубен во Џексон, во Џорџија, соопшти затворската служба. Наредната егзекуција предвидена е да се изврши во Мисури.
Вкупно пет погубувања се одложени од 29 април, кога осудениот Клејтон Локет почина во големи болки бидејќи му пукнала вената за време на вбризгувањето на инјекцијата.
Во САД владее спор за набавката на анестетикот пентобарбитал, кој е неизоставна состојка на смртоносната инјекција. Европските произведувачи минатата година одбија да го испорачуваат тој анестетик во САД, поради што често се користат непроверени производи кои можат да предизвикаат огромни болки.
Смртната казна е на сила во 30 американски сојузни држави.Осудениот Маркус Велон (58), синоќа беше погубен во Џексон, во Џорџија, соопшти затворската служба. Наредната егзекуција предвидена е да се изврши

Пронајдете не на следниве мрежи: