Пронаоѓач на женска чанта ќе добие награда од 30.000 евра

Сопственичка на изгубена чанта даде оглас во германските весници и на чесниот пронаоѓач понуди награда од 30.000 евра. Самата цена на огромниот оглас е фасцинантна – 24.000 евра.Во огласот објавен преку целата страна на списанието Билд, пишува дека сивата рачна чанта марка „Бриони“ се бара „заедно со содржината“.
Сопственичката  нема наведено што се наоѓа во чантата изгубена на 4 ноември во суши ресторанот „Токио“ на главната железничка станица во Берлин. Наведено е само времето кога се случило меѓу 12.40 и 12.55 часот.
Како контакт понудена е имејл адреса.
Неделникот Шпигл пишува дека сопственичката е жена на 50 години и дека во чантата се наоѓа семеен накит и важни документи.
Исто така, се истакнува дека цената на огромниот оглас во Билд изнесува 23.866 евра.Во огласот објавен преку целата страна на списанието Билд, пишува дека сивата рачна чанта марка „Бриони“ се бара „заедно со содрж

Пронајдете не на следниве мрежи: