Просечната нето плата за периодот 2006- 2016 е зголемена за 63 проценти а бруто платата за 40

Нето платата во август 2006-та година изнесуваше 13.718 денари, додека десет години подоцна, македонските граѓани имаат значително поголеми примања и истата изнесува 22.294 денари. Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок  и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво, за 10,1 процент, административни и помошни услужни дејности, за 6,6 проценти и преработувачка индустрија за 4,3 проценти.

Од друга страна, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесувала 32.789 денари.
Колкава беше просечната плата во 2006-та година?
Според податоците на Државниот завод за статистика просечната исплатена нето плата за август 2016 изнесува 22.294 денари.
Само за споредба, според податоците на ДЗС, месечната исплатена нето плата во 2006 изнесувала 13.718 денари. Споредбено во периодот 2006-2016 просечната нето плата е зголемена за 63%.
Исто така ДЗС објави податок дека месечно исплатената бруто плата во август 2016 изнесува 32.789 денари. Во 2006 година вруто-платата изнесувала 23.434 денари според ДЗС. Ова значи дека во периодот 2006-2016 просечната бруто плата е зголемена за 40%.
Дополнително, во месец август 2016-та година само 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, додека во истиот месец пред 10 години, дури 15.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Заев ветува минимална плата од 16.000 денари, а на неговите вработени им дава по 8.000
Опозицискиот лидер Зоран Заев во предизборната кампања се расфрла со разни ветувања за зголемување на просечната плата во Македониа, иако фактите говорат за тоа колкава беше просечната плата кога СДСМ беше на власт, но и колкава е платата на работниците во фирмите на Заеви.
Заев пред граѓаните сега ветува просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 12.000 денари, која потоа ќе ја зголемел на 16.000 денари.
„Ќе поттикнеме раст на сите плати во Македонија, со што ќе ја покачиме и просечната плата покрај минималната плата. Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целиме. Најниската плата прво ќе биде зголемена на 12 илјади денари а ако идната влада не успее до крајот на мандатот да ја зголеми минималната плата на 16 илјади денари, ич да не се појавува следниот пат пред гласачите, вели Заев.
Сепак, наспроти ваквите ветувања, фактите говорат дека просочната плата од 30.000 денари која сега ја најавува лидерот на СДСМ кога неговата апртија била на власт изнесувала нешто повеќе од 13.000 денари. Просечната нето-плата во периодот 2006- 2016 е зголемена за дури 63 отсто, додека просечната бруто плата за 40 отсто.
Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок  и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.
Згора над тоа, сомнеж врз ветувањата на опозицискиот лидер особено фрла и фактот што додека од една страна ветува минимална плата од 16.000 денари, придонесите на вработените во оранжериите на Заеви во Валандово и Богданци изнесуваат околу 8.000 денари, според документите кои неодамна ги објавија медиумите.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто,

Пронајдете не на следниве мрежи: