Протести против штедењето пред самитот на ЕУ

Неколку илјади луѓе од повеќе земји членки на Европската унија се собраа во четвртокот попладне во Брисел на повик на европските синдикати за да протестираат против политиките на штедење кои се спроведуваат во Унијата, чии челници во исто време го започнаа дводневниот состанок на врвот. Според извештаите на агенциите, нормално најмногу демонстранти има од Белгија, а потоа од соседните Франција и Германија, но и од Велика Британија и од Полска. „Економските и социјалните последици од кризата, експлозијата на невработеноста и растечката нееднаквост ги достигнаа социјалните прифатливите граници во повеќе земји од Европската унија. Затоа ги организиравме овие собири за од челниците на земјите членки побараме да прекинат со мерките за штедење, и да донесат мерки за вработување, особено на младите. Довербата на пазарите не зависи од штедењето, туку од довербата на граѓаните и до поддршката на Европската централна банка“, се истакнува во прогласот објавен по повод протестите на Европската конфедерација на синдикатите. Европските лидери во четврток приквечер ќе го започнат својот пролетен самит, кој главно ќе биде посветен на економските теми. Од овој состанок на врвот не се очекуваат никакви одлуки, а челниците на земјите членки ќе разговараат за спроведувањето на многуте мерки и реформи кои се донесени на почетокот од кризата, а кои главно опфаќаат кастрење на расходите и заздравување на јавните финансии, како и тоа како во таквите состојби да се поттикне економскиот раст и вработувањето. Повеќето земји членки на ЕУ се согласуваат дека на среднорочен и долгорочен план не е можно да се обезбеди раст без здрави и одржливи јавни финансии, меѓутоа дел од земјите коишто најтешко се погодени од кризата би сакале да имаат повеќе време за доведување на своите финансии во ред, на тој начин за да се обидат да го придвижат растот или барем да го запрат падот на економските активности.
МакфаксНеколку илјади луѓе од повеќе земји членки на Европската унија се собраа во четвртокот попладне во Брисел на повик на

Пронајдете не на следниве мрежи: