Протестите секој ден се помасовни: Народот сè погласен во барањата за отфрлање на Тиранската платформа

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска 16-ти ден организираше протест во Скопје за зачувување на унитарноста на Македонија и за отфрлање на „тиранската платформа“.– Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Не дозволувам да кажува дека не се слика со македонското знаме, она знаме кое јас гордо го носам ширум Европа со моите деца со моите борци, истакна претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.
Од името на моите борци, додаде Ацевски, ве поздравувам и да успееме во нашата борба.
Вечерва на протестот учествуваше и првенецот на Македонската опера и балет, Цветан Стојановски, кој повика да се закитат балконите со македонското знаме за, како што рече, „да видат колку сме“.  – Браќа и сестри не плашете се да се закитите со најубавите бои на светот – црвената и жолтата, рече Стојановски.

Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва даде и Боксерскта федерација на Македонија“. Селекторот на боксерската репрезентација, Мирко Ристески рече дека сите треба да имаме една иста цел, да се бориме за Македонија.
– Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние како спортисти од Боксерската федерација на Македонија им порачуваме на другите, дали политичари, дали обични граѓани, нека се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме, рече Ристески.
Во боксот и во другите спортови, како што посочи, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми… – Сите се почитуваме и затоа и сите треба како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци, порача Ристески.
Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вечерва организира протести уште во 30-тина други градови во Македонија.– Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: