Прв бизнис акецелератор во Македонија, ќе им нуди помош на младите за професионална кариера

Помош на младите на почетокот на нивната професионална кариера преку високоспецијализирани програми, ќе нуди првиот бизнис акцелератор во Македонија, што почна со работа во Скопје.Станува збор за македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, којашто ќе работи на развој на иновативни проекти од информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии, во тесна соработка со академскиот сектор и со Владата, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Компанијата ќе работи на интеграција на студентите, бизнисите, академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Ќе бидат ангажирани домашни и странски ментори и тренери со големо професинално искуство.
На отворањето на канцеларијата на компанијата во Скопје присуствуваа заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, претставници од ИКТ бизнисот, студенти.
Извор: МИАСтанува збор за македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, којашто ќе раб

Пронајдете не на следниве мрежи: