Првата двојна Оскаровка почина на 104 години

Првата актерка што освоила две награди „Оскар“ за најдобра женска улога, Германката Луиз Рајнер, почина во Лондон во 104. година од животот.Рајнер го добила првиот „Оскар“ за улогата во филмот „Големиот Зигфилд“ во 1936 година, а следната година ја освоила златната статуетка и за улогата во екранизацијата на делото на Перл Бак, „Добра земја“.
Луиз Рајнер е родена во 1910 година во Дизелдорф, а детството и младоста ги минала во Хамбург и во Виена, каде што била забележана од еден ловец на таленти од Холивуд.
Таа набргу заминала во САД и станала ѕвезда, но за да се избегне нејзино поврзување со нацистичка Германија, холивудските продуценти ја прикажувале како Австријка.
 Но, нејзината кариера по освојувањето на двете статуетки почнала да оди по надолна линија и таа почнала да добива неважни улоги.
– Сѐ се сведуваше само на пари, пари, пари… Сакав да добивам сериозни улоги. Сакав да напредувам, да учам – изјави Рајнер пред четири години во интервју за ДПА, по повод нејзиниот стоти роденден.
По напуштањето на Холивуд имала повремени настапи во театри и во телевизиски серии.Рајнер го добила првиот „Оскар“ за улогата во филмот „Големиот Зигфилд“ во 1936 година, а следната година ја освоила златна

Пронајдете не на следниве мрежи: