Први фотографии од новиот BMW M5

На сајтот на BMW се појавија фотографии од освежениот BMW M5, кој на пазарот би требало да пристигне оваа година.
Од овие фотографии може да се забележи дека BMW M5 претрпел минимални промени и тоа на светлата и новата заштитна маска, која потсеќа на онаа на M6.

Промените на ентериерот се едвај забележливи, освен на воланот, како и на новиот екран на допир со интегрирана iDrive  контрола.
BMW под хаубата треба да понуди нов „Competition“ пакет со М5, за да ги усогласи неговите перформанси со својата конкуренција како што се Audi RS6/RS7 и неодамна освежениот Mercedes E63 AMG.

Се очекува дека М5 пакетот ќе донесе 575 КС, а задолжен за нив ќе биде 4,4- литаскиот V8 агрегат со два турбо компресора.
На сајтот на BMW се појавија фотографии од освежениот BMW M5, кој на пазарот би требало да пристигне оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи: