Првиот целосно електричен автомобил на Волво

Volvo најави дека првиот целосно електричен модел на компанијата, кој се очекува да биде прикажан во 2019, ќе може да мине најмалку 400 километри со едно полнење. Швеѓаните уште истражуваат врз каква платформа ќе дебитира електромобилот?На автомобилскиот салон во Женева, главниот извршен директор на Volvo Car USA, Лекс Керсемакерс, соопшти дека првиот електромобил од компанијата ќе биде со автономија од најмалку 250 милји (402 km), што согласно одредбите ќе биде задолжително за САД, за еден електричен автомобил. Според извори на Automotive News, шведската компанија сеуште размислува дали да создаде EV изведба врз основа на постоечки модел, или платформата да е целосно самостојна.
Што и да биде крајната одлука, според извршниот директор и двете сегашни платформи – SPA и новата помала CMA, можат да бидат основа за градење на таков модел. Засега не се јасни детали, но најверојатно цената на електричниот автомобил ќе биде помеѓу 35.000 и 40.000 долари.
ИЗВОР:АвтоплусНа автомобилскиот салон во Женева, главниот извршен директор на Volvo Car USA, Лекс Керсемакерс, соопшти дека првиот електромобил од компанијата ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: