ПРВОМАЈСКИ ХОРОСКОП: Скорпијата ќе заврши во некоја ГРМУШКА, а Лавот на токсикологија!

Скорпијата ќе заврши во некоја ГРМУШКА, а Лавот на токсикологија!Овен
Овните спаѓаат меѓу најтврдоглавите знаци во зодијакот. Спремни се на големи напори, доколку знаат дека после тоа ги очекува награда. Поради тоа за нив идеален излет за први мај е некоја помала планина – доволно напорно за да имаат чувство дека малку се помачиле за наградата која ги очекува.
Бик
Бикот е многу тврдоглав а пред се го цени комфорот. Поради тоа идеално првомајско сценарио за него е скара во неговиот сопствен двор – ќе има контрола над се што се случува и ќе биде на свој терен. Доколку живее во стан, најдете пријател со двор, а на Бикот препуштете му ја организацијата.
Близнаци
Неодлучните Близнаци за 1-ви мај најубаво ќе си поминат на излет покрај река, на пример на Матка, каде ќе биде преполно со луѓе, а тие ќе дадат се од себе да го импресираат секој кој ќе им се појави на патот.

 
Рак
Раковите како нежни и чувствителни душички, сакаат само овој празник да го поминат во изолација и друштво на своите најмили. Не сакаат гужви, па идеален излет за 1-ви мај е некоја викендичка во некоја изолирана населба која излетниците се уште не ја „намирисале“.
Лав
На лавовите местото за излет не им е од особена важност, се додека големото друштво е околу нив. Тие треба да бидат во центарот на вниманието, а алкохол треба да има на претек.
Девица
Девиците како ситничари, сакаат во целост да уживаат во опкружувањето какво што го замислиле и уредиле. Со оглед на тоа дека местата за излет ќе бидат преполни со луѓе и ѓубре одоколу, за нив идеално место за 1-ви мај е нивниот дом, бидејќи само таму можат во целост да се опуштат.

 
Вага
Претставниците на овој знак се познати по неодлучноста, затоа најдобро е се да препуштите на организација на пријателите. Сакаат друштво и забава, така да, било кое место каде е „живо“ е идеално за нив.
Скорпија
Скорпиите се најсексуалниот знак во зодијакот, затоа како идеално место за излет за нив е Водно, или некоја шума. После оброкот, пијалакот и забавата сигурно ќе посакаат да се осамат и да уживаат во нежностите со својот партнер, а во шумата можат да се најдат безброј скришни места за таа работа.
Стрелец
Стрелците се практични и не сакаат да губат време, затоа за нив не се локации кои се оддалечени од градот. Тие попрво би одбрале прошетка на „Кале“, отколку излет на планина.

 
Јарец
Јарците сакаат романтична прошетка покрај река. Припадничките на овој знак би облекле некое лесно фустанче, ќе стават цвет во коса и би уживале во прошетката покрај кеј.
Водолија
Водолиите се полни со хирови и подложни на промена на расположението. Веројатно 1-ви мај ќе го прослават со друштво во природа, но ќе се предомислат и ќе посакаат да останат дома, бидејќи зошто да се валкаат, кога може да одмараат и вечерта да бидат подготвени за во кафеана!
Риби
Рибите се весели и го прифаќаат секој предлог за забава, но никогаш не ја организираат! Затоа, кој прв предложи нешто интересно на некоја Риба, таа е негова!Овен
Овните спаѓаат меѓу најтврдоглавите знаци во зодијакот. Спремни се на големи напори, доколку знаат дека после тоа ги

Пронајдете не на следниве мрежи: