Пукнала тиквата во СЈО помеѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи

Вчера во јавноста во голем број медиуми излезе информација дека пукнала тиквата во СЈО помеѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради непослушноста на Фетаи кон Јанева и нејзината наводна блискост со ДУИ, поради што Фетаи ќе биде исклучена од СЈО. Ваквата информација набргу беше демантирана од СЈО, но истата остави многу прашалници во јавноста, дали можеби Фетаи не подлегнала под притисок на Јанева и центарот на моќ под чија наредба работи СЈО, пишува порталот Журнал.Дека пишувањата во медиумите за караницата  во СЈО се вистините, доказ е и пишувањето на Љупчо Палевски, поранешен сопственик на неделникот „Старт“ и некогашен близок соработник на Црвенковски во чие време беше и Претседател на Градската организација на СДСМ  во Скопје. Палевски во свој фејсбук статус пишува дека СЈО во целост е под палката на Бејли и Заев со исклучок на Фатиме, која не сакала да се покори на наредбите на Катица и центарот на моќ под чија контрола е СЈО. дополнително Палевски вели дека ДУИ е на далечинско кај Бејли поради СЈО.
Во политичките и новинарски кулоари се говори дека СДСМ деновиве дејствувале со силни уцени насочени кон поединци во раководството на ДУИ кои трезвено размислувале барајки коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уцените оделе преку закани со снимки и дека доколку не прифатат коалиција со СДСМ, СЈО ќе ги нападне со канонада од истраги и обвиненија. Дрскоста одела дотаму што им се заканувале дека ќе завршат во притвор и ќе бидат целосно политички искомпромитирани.
По ваквите закани и притисок врие во  ДУИ и ситуацијата е мошне тензична. Се поголем е револтот внатре   во партијата и нејасно е како ќе резултира ваквиот притисок и очигледно неволната коалиција издејствувана со притисок.
На состанокот на претседателството на ДУИ биле наметнати и други прашања. Дел од раководството предупредувало: каде одиме? Со Трамп или со Сорос? Не може со двајцата.
Исто така се зборувало и за Маршот кој го организира Граѓанската инцијатива За заедничка Македонија. Прашањето и констатациите биле што со вакви демонстрации и револт кај Македонците. Толку многу луѓе спонтано досега не излегувале како сега. И има набој, жар, елан, спремност и одлучност како никогаш порано.
Што ќе се случи ако ескалира состојбата и албанците излезат? Стануваме дел од проблемот, од кој не знаеме како ќе излеземе.
Што ќе се случи ако на локалните избори се напрви јавна или тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Беса и ДПА? Според бројките од парламемтарните, би следувал пораз и во Чаир и во Тетово, а веројатно и во Гостивар.
Во јавноста прострујуваат информации дека се што правел шефот на огранокот на ДУИ Бекир Асани – Беќо, правел и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Меџити не само што се испазарил да го поддржи СДСМ туку ветил и дека нема да се кандидира на локалните избори во Чаир, за да остапи простор за кандидат албанец на СДСМ, со што ќе се задоволат апетитите на се поголемото албанско крило во СДСМ, така кандидат албанец од редовите на СДСМ  би бил поддржан тајно и од Меџити, со ова ќе им се забоде нож во грб  на гласачите на ДУИ во Чаир и ќе го забрза распадот на партијата. Меџити како надомест за него лично се  надевал за потпретседателско место во новата Влада  на СДСМ.
Ваквата се по тензична атмосфера придружена со секојдневни уцени и притисок кон ДУИ е нејасно како ќе резултира во идната  Влада, во која како што изјаи Османи доцна синоќа ќе влезат. Таквата тензична атмосфера на среден рок може да предизвика вистинска експлозија на линијата Бејли-СЈО-СДСМ-ДУИ.
 Дека пишувањата во медиумите за караницата  во СЈО се вистините, доказ е и пишувањето на Љупчо Палевски, поранешен сопственик на неделник

Пронајдете не на следниве мрежи: