ПУЛС24 ДОСИЕ: Криминалци извршители и урбана мафија ја уништуваат Македонија

Над 80.000 граѓани и скоро пола стопанство на Македонија е блокирано. Нели Ви е чудно и симптоматично драги мои како тоа така се случува и никој не реагира. Државата е тука заради нас или ние сме тука заради државата? Народот кука, затвора трансакциски сметки, бега во странство, му се одзема имотот, а во меѓувреме одредена клика се збогатува енормно и истата е тесно поврзана со власта, оваа сегашна и секако претходната…Над 80.000 граѓани и скоро пола стопанство на Македонија е блокирано. Нели Ви е чудно и симптоматично драги мои како тоа така се случува и никој не реагира. Државата е тука заради нас или ние сме тука заради државата? Народот кука, затвора трансакциски сметки, бега во странство, му се одзема имотот, а во меѓувреме одредена клика се збогатува енормно и истата е тесно поврзана со власта, оваа сегашна и секако претходната…
ПУЛС24 заради потребата да се разбие информативниот мрак, оваа црнило во кое сме завиткани чекајќи егзекуција (од секаков вид) ќе објави серија текстови и имиња кои ги поседуваме преку документи кои ни се доставени. Се надеваме дека тие ќе разбудат некого што е одговорен и ќе бидеме од помош и на полицијата и на организите што истражуваат. Да видиме дали некој ќе се заинтересира. 
Ние ќе објавуваме. Ќе бидете упатени како се издаваат лажни фактури, како лажни фактури се извршуваат, како за истите се вршат истраги од Финансиска полиција, па потоа извештаите се отфрлаат од обвинителството како ништо да не било. Ќе читате како судии во алепација судат на фирми да платат непостоечки фактури. Ќе дознаете како се прават лажни документи, како се инволвира поштата и како извршители по политичка и криминална линија уништуваат фирми. Како група на адвокати е умешана и како ги злоупотребува дупките во законот сметајќи дека се што прават останува во рамките на тајност и недостапност за пошироката јавност. 
Ќе ви прикажеме случај на фалсификувано упишување во катастар на ЦЕЛА ЗГРАДА со фалсификуван ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ. Потоа ќе ви покажеме КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОДНЕСЕНА според сите законски можности до МВР која скоро две години стои во некоја фиока.
И сето ова во време кога Македонија ќе одела во ЕУ и НАТО и се ќе било по Закон…
Се прашуваме колку жтрви на овој систем досега има во нашата држава. Систем кој се чини е воспоставен да се контролира, презема имот или уништува секој кој што ќе биде на мета. Од наредниот натпис, утре ќе одиме со имиња и презимиња, без криење на сите учесници и повторуваме се надеваме дека ќе предизивкаме реакција на надлежните. 
Време е во оваа држава да се воведе ред а корупцијата да се именува и со неа да се расчисти.
****
Имате случај на изнуда, рекетарство и незаконско малтретирање од корумпирани извршители поврзнани со администрација, пишете ни на службениот маил. Ќе објавиме. 
 Над 80.000 граѓани и скоро пола стопанство на Македонија е блокирано. Нели Ви е чудно и симптоматично драги мои како тоа така се случува и никој не

Пронајдете не на следниве мрежи: